Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек со ексклузивни концерти во Хераклеја за само 600 посетители

29 јули 2020

После концертите во Охрид, Авалон продукција ги израдува и битолчани, овозможувајќи им да имаат барем неколку културни настани ова лето. Така, изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, ќе настапат и во Битола и тоа по следниот распоред.

Амира Медуњанин- 08-ми август, почеток 21 часот

Дарко Рундек- 14-ти август, почеток 21 часот

Жељко Бебек- 22-ри август, почеток 21 часот

Од продукцијата посочуваат дека покрај неколкуте компании кои го поддржуваат „Авалон“ и неговите проекти, овие концерти ќе се реализираат и под покровителство на општина Битола, следејќи ги договорените протоколи на Министерството за здравство.

Во продажба се пуштени само 600 влезници од концерт, преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт.

За крај, од продукцијата посочуваат дека носењето заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концертот.



Објавено:
29 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
313 пати
Тагови: 
Авалон