Ана Андроска ве кани на „Танц“ во Јавна соба

15 јануари 2016

Со масло на платно и масло на медијапан, идеaлно вклопени во ентериерот на дизајн центарот Јавна соба, вечерва, 15. јануари во 21:00 часот се отвора изложбата „Танц" на Ана Андроска.

Еден многу поинаков пристап во изложувањето на современата ликовната уметност која сме навикнати да ја конзумираме во стерилни галериски салони. Феноменалноста лежи во досетливоста на авторката својата уметност да ја претстави во јавен простор со целосно домашен и топол амбиент.

Малиот принц

Изложбата „Танц" е серија топли колиритни композиции од масло на платно и медијапан во релативно големи формати. Андроска преку своите дела го пренесува своето видување за потесниот круг и околината. Во доминантна позиција е ставена жената и женските карактеристики, грижата за семејството, навиките, позадинските размислувања и претскажувањата за соништата.
Изложбата „Танц" е отворена за сите посетители во период 15. – 31. јануари при што влезот во Јавна соба е слободен за сите посетители.

Between the people

Ана Андроска е родена 1982 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек: Сликарство и графички дизајн, во класа на проф. Вело Ташовски. Во 2007 година посетува Интернационалната летна академија во Салзбург, сликарство: Зошто? Каде? Како? кај професор Ирина Накова – Москва. Самостојни изложби: 2015 Сонувајќи со ѕвездите III, НЛБ Тутунска банка, Скопје; 2013 Сонувајќи со ѕвездите II, музеј Робевци, Охрид Р. Македонија; 2012 Сонувајќи со ѕвездите I, Национална галерија на Македонија, Скопје, 2007 Лајка, Отворено графичко студио, Музеј на град Скопје, Скопје. Групни изложби: 2009 14th Biennial of Young Artists from Europe and Mediterranean, Skopje (R.M); 2006/07 Сурогати, Културен центар Точка, Скопје; 2005 Real Presence, in collaboration with IUAV-FDA, as parallel event within official program of the 51. Venice Biennial, Venice (Italy); 2004 Real Presence, Museum of the 25th of May, Belgrade (Serbia); 2004/05 Цртеж:'ртеж Ск_Мк_Нови Тенденции, Културен центар Точка, Скопје. Награда: 2014 Blank Canvas Moxy, Milan - finalist.

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
232 пати