Netfliks го објави првиот трејлер за филмот „Blonde" на Ендрју Доминик, каде актерката Ана де Армас ќе се појави во улога на холивудската икона Мерилин Монро.
Филмот со рејтинг NC-17, е базиран на истоимениот роман и бестселер на Џојс Керол Оутс. Филмот, чија споредна актерска екипа ја сочинуваат Боби Канавал, Адриен Броди, Џулијан Николсон, Хавиер Семјуел и Еван Вилијамс, ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата Netflix на 23 септември.
Ана де Армас Како Мерилин Монро во „Blonde“ | Фото: Vulture
Според синопсисот на Netflix, „ „Blonde“ смело го прераскажува животот на една од најтрајните икони на Холивуд, Мерилин Монро. Од нејзиното нестабилно детство како Норма Џин, преку нејзиното издигнување до ѕвездени и романтични заплеткувања, „Blonde" ги замаглува линиите на фактите и фикцијата за да го истражи се поголемиот расцеп меѓу нејзиното јавна и приватна личност".
- Работевме на овој филм со часови, секој ден речиси една година. - открива Де Армас во интервју за медиумите. - Го прочитав романот на Џојс, проучував стотици фотографии, видеа, аудио снимки, филмови - сè што ќе ми дојде до рака. Секоја сцена е инспирирана од постоечка фотографија. Го разгледувавме секој детал на фотографијата и дебатиравме за она што се случува на неа. Првото прашање секогаш беше: „Што чувствува Норма Џин овде?" Сакавме да ја раскажеме човечката страна на нејзината приказна. Славата е она што ја направи Мерилин највидливата личност на светот, но ја направи Норма и најневидливата.
Ана де Армас Како Мерилин Монро во „Blonde“ | Фото: Netflix
Во една смела изјава на режисерот Доминик за вебсајтот Vulture, тој вели дека „Blonde" е „филм кој бара многу. Ако на публиката не и се допаѓа, тоа е проблем на публиката. Филмот не се кандидира за јавна функција. Има нешто во него што ќе ги навреди сите.“