Андре Риу повторно во Скопје!

9 март 2020

Маестро Андре Риу во ноември повторно ќе се претстави пред Македонската публика. Ќе имаме шанса да чуеме една сосема нова програма исполнета со фантастични филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета како и традиционална музика. Подгответе се за незаборавна вечер исполнета со музика и валцер.



"Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја.Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не' пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката” - вели Андре Риу.

Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина, Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време.

Неговите настапи се многу повеќе од само музика - раскошни фустани, романтични светла и пространи платна зад оркестарот, заедно со бројни интернационални солисти и сето тоа зачинето со добар хумор. Таму е дозволено да се смее, плаче, игра, танцува... перфектен спој за одлична забава.

Риу се наоѓа на првото место на над 30-тина топ-листи, добива 500 Платинум награди и продава повеќе од 40 милиони ЦД и ДВД изданија. Неговите видеа на "Јутуб" надминуваат милијарда прегледи, а неговиот "Фејсбук" има 5 милиони следачи. Ова се само дел од причините зошто Њујорк Тајмс го нарекуваат вистински "Маестро на публиката".

Овој екслклузивен настан ќе се одржи во С.Ц. БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 27-ми ноември 2020 година.

Билетите ќе бидат достапни во продажба од СРЕДА, 11-ти МАРТ 2020-та од 10:00 часот на www.andrerieu.com , mktickets.mk и на www.karti.com.mk.

Објавено:
9 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.228 пати