Андреа Бочели ќе настапи во празна Миланска катедрала со онлајн пренос

7 април 2020

Познатиот оперски пејач, Андреа Бочели, во недела, за католичкиот Велигден, ќе има настап во Миланската катедрала, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку „Јутјуб“, и ќе може да го гледа целиот свет.

„Пред неколку дена го повикав Бочели, тој веднаш се сголаси: Ќе биде во Милано за Велигден, во 19 часот, во празна катедрала“, објави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала во фејсбук видео-порака.

Веста ја потврди и Бочели.

„Тоа нема да биде концерт, туку шанса да се помолиме заедно. Ќе биде молитва за Милано и за целиот свет, соочен со болни и тажни случувања. Да пратиме порака за Велигден, порака на љубов и прошка“, потенцира тенорот.

Благодарение на технологијата, секој што ќе сака да го види и слушне неговиот настап, ќе може тоа да го направи на музичката платформа „Јутјуб“.

Објавено:
7 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.486 пати
Тагови: 
Андреа Бочели