Андреа Бочели ќе одржи онлајн божиќен концерт од празната сала на „Teatro Regio di Parma“

26 ноември 2020

Славниот тенор, Андреа Бочели, на сите ни остави длабока емоција со неговиот велигденски концерт во екот на пандемијата, што во живо низ цел свет се пренесуваше од празната миланска катедрала Дуомо.

Следно, големиот маестро ни најавува божиќен концерт што ќе биде организиран со сличен концепт овојпат од празната сала на легендарниот „Teatro Regio di Parma".

Концертот со работен наслов „Beliеve in Christmas" ќе се одржи на 12 декември, а ќе биде во режија на Франко Драгоне.

Во програмата предвидено е Бочели да изведе голем дел од репертоарот на неговиот албум „Beliеve", но и некои од најпознатите божиќни песни.

Милионски аудиториум ќе има можност да го проследи овој спектакл, за кој ќе треба да плати од 22 до 40 евра.

Фото: Андреа Бочели

Објавено:
26 ноември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
176 пати