Андријана Јаневска избрана за најдобра пејачка на натпревар во САД

21 август 2023

Поп-пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска на својот Фејсбук фан профил објави дека го освои првото место на натпреварот организиран од страна на ЗАДА рекордс од САД.

Пред да стигне ова светско признание таа и претходно ги извести своите фанови дека на покана на продуцентот Norman Zada ја снимила песната Broken hearted me со која се натпреварува за најдобар изведувач.

Андријана беше единствен натпреварувач од Македонија.

Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!

Во изминативе неколку месеци, на овој натпревар се избираше најдобар пејач и пејачка од цел свет.

Андријана во моментов е актуелна со песната Ми заплакало селото Ваташа која ја снимија заедно со Игор Џамбазов. 

 Во продолжение победничката песна на пејачката...

Фото: Facebook

Објавено:
21 август 2023
Категорија: 
Култура