Анџелина Џоли во улога на Катерина Велика

25 февруари 2017

Иако Анџелина Џоли периодов во јавноста е повеќе актуелна поради случувањата во нејзиниот приватен живот, отколку со професионалните ангажмани, сепак се најавуваат неколку навистина амбициозни проекти во кои таа има носечка улога.

Еден од таквите е и филмската адаптација на книгата „Catherine the Great's Imperial Partner" во која Џоли ќе ја игра руската императорка Катерина Велика.

Покрај овој проект, Hollywood Reporter пренесува и дека холивудската убавица е во преговори за снимање на продолжението на дизниевиот филм „Maleficient" и за главната ролја во шпионската драма сместена во периодот на Втората Светска војна „The Spy Who Loved".

После подолг период откако Џоли е повлечена од филмската сцена, овие нови проекти ветуваат нејзино враќање на голема врата.

 

Објавено:
25 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.043 пати