20 идеи како да ги уредите балконите како пролетна оаза во домот

10 март 2020

Време е да се подготвиме за пролет. Во домот, подготовките започнуваат од балконите, кои може да бидат наша интимна, домашна оаза на мирот ако малку се посветиме на нивното уредување.

Низ интернет просторот постојат толку многу идеи, туторијали, предлози, како да го уредите вашето пролетно катче, што треба да одвоите само малку време и креативност за пролетта што следува да ја уживате во опкружување по ваша мерка и мерак.

Прв чекор е да се одлучите каков стил на уредување преферирате: бохо, минималистички, индустриски, романтичен... А откако ќе го одредите стилот, тогаш синхронизирајте ги елементите, боите, дезените, материјалите што ќе ги користите.

Цвеќето секако е во фокусот, а тука изборот е неодоливо богат.

Исто така треба да размислите на деталите, како што се екстерните светлосни тела, сијалички, перничиња, свеќници... Секој декоративен елемент има моќ визуелно да ја промени комплетната слика.

Ако сè уште немате идеја во кој правец да се движите, издвоивме 20 инспиративни примери кои ќе ви помогнат во тоа.

Фото: Pinterest

Објавено:
10 март 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
15.090 пати