60 секунди основа за чист дом: Македонска блогерка со практични совети за чистење

3 март 2022

Со доаѓањето на пролетта, доаѓа и пролетната „генералка“ во домот, а тоа на многу жени може да им предизвика главоболка.

Сепак, за да не дојде до момент да се префорсираме, блогерката Сандра Малет пред извесно време на својот Инстаграм профил сподели неколку практични совети со кои домот секојдневно ќе биде чист, па и кога ќе дојде момент за големото чистење, нема да биде толку напорно.

Инаку, на  нејзиниот профил често споделува совет и трикови за уредување и чистење на домаќинството.

Ние одвоивме две нејзини објави, а советите следат во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandramalet)

 

„За домот секогаш да ви изгледа чист не значи дека треба да чистите секој ден. Најважно е да го одржувате среден.

One minute cleaning е основата на чистиот дом. Тоа се работи кои одземаат минимално време, доколку вашиот дом е претходно подготвен ( отстранете сè што е вишок, купете кутии и корпи за складирање, минимален декор). Сите овие оne minute работи можат да се вклопат со вашиот секојдневен график и со оглед на тоа што не правите сè наеднаш нема да ви одземе многу од вашето време:

  • Кога се враќате дома, палтото и чантата веднаш оставете ги на своето место.
  • Секогаш распоредувајте ја поштата веднаш, така нема да ви се соберат купишта писма и хартии до крајот на месецот.
  • Чевлите враќајте ги во шкафчето / полицата веднаш штом се вратите дома.
  • Додека миете заби, избришете го огледалото во бањата.
  • Пред да излезете од бањата, нанесете средство во тоалетот и оставете го да делува.
  • Пред да им ставите вода, соберете ги сувите листови од цвеќињата.
  • Сменете ги кујнските крпи и пешкирите во бањата пред да си легнете.
  • Избришете прашина од видливите површини.
  • Наутро додека се миете во бањата, отворете прозорци да се проветри.
  • Пред да си легнете испразнете наполнете ја машината за садови и пребришете ја кујнската плотна.
  • Соберете ги чашите кои во текот на денот биле оставени во дневната.
  • Фрлете го ѓубрето.
  • Поминете со правосмукалка.

И уште неколку:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra (@sandramalet)

1. Секогаш местето го креветот кога ќе станете од спиење. Ништо не ја прави спалната по несредена од растурен кревет. Ова ќе ви одземе само неколку секунди од вашето време.

2.Додека се туширате, секогаш со тушот поминете по полиците внатре во туш кабината. Така тие секогаш ќе изгледаат чисто без флеки од сапун и бигор.

3.Секоја вечер исплакнете го лавабото во бањата. Нема ништо по неубаво од нечисто или со флеки од паста за заби лавабо.

4. Трудете се секогаш пред спиење кујната да ја оставите чиста. Садови во машина, садопер чист, плотна избришана. Нема поубаво кога ќе се разбудите да си го направите првото кафе во чиста кујна.

5.Мијте ги садовите во самиот процес на готвење. Така нема да ви се собере цел куп во садоперот кој ќе треба да го средувате откако сте зготвиле.

6.Вечерна проверка. Пред да си легнете поминете по собите во вашиот дом и вратете ги сите ситници на свое место, соберете ги чашите од масата, алишта од столчето и тн. Ова ќе ви одземе не повеќе од 5-10 минути.

7.Не оставајте облека надвор од плакарот. Нечистите алишта веднаш ставете ги во корпа за перење, чистите во плакар, палта на закачалка.

8.Проветрете го просторот. Сабајле додека се миете и навечер пред да си легнете. Така во домот секогаш ќе преовладува свеж мирис.

9.Избришете прашина и поминете со правосмукалка. Ова нема да ви одземе повеќе од 10-15 минути во денот, а приота секогаш ќе ви биде чисто.

10.Вклучето го целото семејство во овие навики. Така нередот во домот ќе се преполови.

Објавено:
3 март 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
12.186 пати