Ако архитектурата и уредувањето ви се пасија – посетете ги овие профили на Инстаграм

17 јануари 2019

Доколку ентериерното уредување и архитектурата ви се пасија, независно дали со тоа се занимавате професионално или едноставно се ваша лична „зависност" или пак имате во план да го реновирате вашиот дом, тогаш веројатно постојано сте во потрага по свежи, инспиративни идеи што ќе ја поттикнат вашата креативност.

А Инстаграм е вистинската платформа каде може да се нурнете во морето од идеи, особено кога е во прашање уредувањето на ентериерот.

Естетски различни решенија, опфатени се сите вкусови, па независно од тоа дали ви е поблизок модерниот, минималистички или романтичниот, рустикален стил, ќе наидете на голем избор на профили специјализирани за темата - ентериерно уредување.

За да ја систематизираме потрагата и да ви го олесниме пребарувањето, селектиравме неколку одлични профили на Инстаграм што нудат супер солуции и решенија за уредување на различен тип на ентериери.

 

@claybrookstudio

 

@blithfieldandco

 

@My Scandinavian Home

Објавено:
17 јануари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
818 пати