Алесандра Амброзио ќе ве прошета низ домот на Џереми Скот
•
2 март 2016
Необична естетика, забава и убавина на едно место – во холивудскиот дом на креативниот директор на Москино, Џереми Скот.
За публикацијата насловена „Fun House" во мартовското издание на американски Вог, ангелот на Victoria's Secret, Алесандра Амбозио позираше во амбиент на шаренило од бои и стилови во домот на ексцентричниот дизајнер.
Облечена во дизајнерски парчиња од Москино и Скот, Амброзио очигледно имала навистина забавен ден заедно со креаторот.
„Се заљубив во Лос Анџелес. Според мене ова е најтипичниот американски град", вели Скот кој се пресели во L.A во 1999 година.