Беспрекорни финеси за кујна: Детали од Zara Home

8 јуни 2020

Деталите прават чуда. Докажано и покажано во секоја форма на живеењето. Затоа, сите оние што преферираат естетика до перфекција, секогаш внимаваат на ситните, но битни финеси.

Ова непишано правило секако се однесува и на уредувањето на домот.
Zara Home во својата последна колекција за декорирање на домот, посебно внимание посвети на деталите наменети за кујната и кујнскиот простор.

Понудата вклучува елегантни декоративни елементи и кујнски прибор, во суптилни земјени нијанси: прекривки за маса, тeгли за складирање, комплетен прибор за јадење, изведени до совршенство, а се со цел уживањето во кујна и собирањето на семејната трпеза, да ги направат уште попријатни.

Фото: Zara Home

 

Објавено:
8 јуни 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
666 пати