Ако наскоро патот ве води кон Париз, имаме предлог идеја која не би требало да ја пропуштите: посетете го култното боемско кафуле Café de Flore.
Фото извор: fine_art_america
Денес е туристичка атракција, а некогаш овде се собирале познати историски личности, особено оние од културната сфера.
Фото извор: in-house
Неговата историја започнува во 1887 година во тогашната Трета француска република. Името го добива по римската божица на цвеќето, Флора, чија статуа е сместена во близина на кафулето, во еден од најелитните делови на Париз Сен Жермен.
За уметниците кои често го посетувале, ова кафуле било синоним за слободен дух.
Негови редовни гости биле Ернест Хемингвеј, Труман Капоти, Џејн Фонда, Брижит Бардо, Ив Сен Лоран, Живанши, Пако Рабан и многу други култни личности.
Фото извор: flickr (Cafe de Florе во 1958 година)
Во осумдесетите години на минатиот век, Café de Flore добива една нова, невидена димензија. Сите сакале да бидат видени таму. Затоа и било речиси невозможно да се најде слободно место. Овде наутро редовните гости го пиеле своето уртинско кафе, а напладне тука се одржувале и деловни состаноци.
Фото извор: paris-bistro
Доколку сакате да испиете кафе во ова боемско кафуле со историски димензии, ќе мора да чекате и да бидете трпеливи. Но, секако вреди да се почувствува тој винтиџ дух на присуството на познатите писатели и поети, разговорите меѓу филозофите, режисерите и ликовните уметници...