Да се најде вистинското место за живеење може да направи чудо во нечиј живот. Има нешто посебно во тоа да се има место каде ќе се враќате секој ден, место кое ќе почувствувате дека комплетно се поклопи со вашиот дух. За некои луѓе тоа значи да пронајдат место надвор од градот, блиску до шума, додека за други значи да бидат во срцето на сите случувања со пристап до сето она што нивната имагинација може да создаде во секунда!

Додека секаде во светот живеењето на врвот од зградата се смета за привилегија, во Македонија тоа досега не беше случај. Ние сакаме тоа да го промениме и да ги срушиме стереотипите. Дозволете нѝ да ви претставиме неколкуте причини зошто е прекрасно да се живее во Вашиот сопствен „врв на светот".

Погоре и подалеку

Луѓето кои живеат на поткровје најчесто се оние за кои приватноста е од огромно значење за нив. Во становите на најгорниот кат на зградата секогаш ќе бидете одвоени од гужвата и бучавата на улицата. Ова ви дава можност за совршен одмор и поцврст сон бидејќи сте изолирани од различните звуци на градот. Да бидете најгоре, одвоени од сите станари во зградата допринесува многу за Вашата лична приватност. Имајте на ум дека никогаш нема да слушнете звук на потпетици, ниту пак тропање на таванот.

Прочитајте ја целата содржина > ТУКА



 

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
409 пати
Извор: 
Elena Luka Home