Декор што ве тера да мечтаете: Кога Дојран личи на Италија...

30 јули 2021

Сите знаеме понекогаш да мечтаеме за места на кои можеби во моментов не можеме да отидеме. Но, тоа не значи дека тие места не можеме да ги „донесеме“ кај нас.

Боро и неговата сопруга Ели ја донесоа Италија во Дојран и токму тие се нашата денешна инспирација.

„Здраво од Дојран. Со овој декор, на оваа маса, под оваа лозница, полна со емоции, многу долги ноќи поминати и убави моменти, се враќам наназад низ годините, со сите елементи на масата која има душа... Понекогаш го сакам и луксузот, но кога би бирал, секогаш ќе одберам нешто вакво каде што ќе бидам среќен и исполнет“, вели Боро.

Оваа нивна викендица е нивно место за бегство од реалноста. За нивна душа, во друштво на блиски пријатели, тие создаваат нови приказни и нови спомени.

„Боите што ги користиме за декорација се инспирирани од летото, езерото, сината боја, а декорот со лимонот и лозницата,, не' носи и во Соренто“, вели двојката која ужива во декорациите и на чија креативност повеќепати сме посведочиле благодарение на социјалните мрежи.

Ова е доказ дека со малку труд, креативност и многу љубов можете да си направите свој рај, без оглед на тоа каде се наоѓате.

 

Во продолжение погледнете ги нивните морски декорации во домот, кои се само дополнување на тема лето, уредување и креативност:

 

Објавено:
30 јули 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
12.130 пати