Детали од кадифе во домот – одраз на отменост

17 ноември 2020

Мебел, декоративни перници, драпери, прегради, ситни украсни детали – сите може да имаат своја кадифена, а со тоа и отмена верзија.

Таквите елементи изработени од кадифе, се доволни како акцент во домашното уредување, да му дадат луксузна нота на просторот во кој функционираме.

Ефективни, со суптилна доза на драматичност, кадифените декоративни детали или мебелот обложен со кадифе, може визуелно сосема да го промени впечатокот во вашиот дом.

Независно каква е основната естетика во ентериерот, кадифените детали секогаш може успешно да се вклопат и да се надоврзат на вашата автентична приказна.

Во каталозите со трендови во ентериерното уредување, речиси секоја година се застапени различни опции и идеи како кадифето да го вметнете во просторот, а со тоа и да го оплемените.

Ако размислувата за таква интервенција во ваашиот дом, следуваат неколку супер идеи.

Објавено:
17 ноември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.101 пати