Ѕидовите може да раскажуваат приказни. А приказнтие може да бидат раскажани во различни форми како рефлексија на вашата имагинација.

Детските соби веројатно се најинспиративни и дозволуваат најголема креативна слобода во декорирањето на ѕидовите.

Ако времето дома планирате меѓу другото да го искористите за мала, но ефективна трансформација во детската соба, тогаш раскажете приказна преку ѕидовите.

Нацртајте ги омилените ликови на вашите деца од сликовниците, направете колаж со семејни фотографии, користете одредени патерни, геометриски 3Д фигури или едноставно направете апстрактно виножито од бои со кои ќе донесете уште една доза позитивна енергија во собата на вашето дете.

Доколку како тригер фи недостасува инспирација, секогаш ќе ја најдете на Pinterest.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
14 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.111 пати
Тагови: 
детски соби