Детски соби во скандинавски стил: практични, шармантни, весели

9 октомври 2020

Скандинавскиот стил на уредување на ентериерот е препознатлив по неговата чистина, функционалност, практичност, лесен е за адаптирање и трансформирање...

Кога сите овие карактеристики ќе ги имплементираме во уредувањето на детската соба, добиваме мало детско царство во кое проритетот е на опуштената и релаксирана атмосфера во која детето нема да биде оптеретено од непотребни детали.

Ваквата естетика на уредување овозможува голем слободен простор за изразување на индивидуалноста преку изборот на детали.

Колоритот што се користи најчесто е сведен на бели и сиви тонови, но со акценти најчесто во пастелни бои, а се користат и тапети со интересни принтови.

Мебелот исто така најчесто е во бела боја во комбинација со светли нијанси на дрво, што пак од друга страна дозволува декоративните елементи да бидат што пошарени и весели, како на пример завесите, перничињата, постелнината и прекривките за под, што може да доминираат со впечатливите бои и дезени.


Во последно време ваквиот стил на уредување на детските соби вклучува и мебел во форма на колиба или куќичка, што дополнително ја збогатува детската фантазија, а може да се вметне на пример кај ѕидните полици, плакарите за книги и облека или креветчето...

 

Објавено:
9 октомври 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.495 пати