Дом во Гостивар волшебно украсен во духот на празниците

29 декември 2020

Воодушевени сме како изгледа Инстаграм овој празничен период. Тука пред се мислиме на оние профили кои се посветиле тематски на празничните денови и преку фотографија создале магична атмосфера, независно дали во поглед на улична мода, украсување подароци или пак уредување на домот.

Кога сме на тема уредување на домот, конкуренцијата е фантастична, барем за тоа што сведочи Инстаграм. Очигледно, голем дел од вас посветиле големо внимание на тоа да си ја разубават божиќната и новогодишната атмосфера во домот, секој во рамките на своите можности, особено ако се земе предвид дека сите овие празници ќе ги поминеме дома со најблиското семејство.

Една таква новогодишна бајка се раскажува на профилот @gagagjorgjievska зад кој стои креативната дама и мама, Драгана Ѓорѓиевска.

Нејзиниот топол дом се наоѓа во Гостивар, а е украсен буквално како од каталог. Со посветено внимание на секој детаљ, во традиционалните празнични тонови, со прекрасна елка и подароци под неа.

Но, празниците не се исклучок. Овој профил на Инстаграм тематски се менува во зависност од сезоните, секогаш со инспиративни идеи како да го декорирате вашето омилено катче според одреден актуелен празник, случување или едноставно од потребата за промена.

Погледнете...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@gagagjorgjievska)

Објавено:
29 декември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.103 пати