За сите оние кои не се обожаватели на топлите денови и времето поминато на плажа и сакаат вистински одмор на планина, тогаш ова е местото за нив.
Неодамна отворената куќа за одмор „Casa Nube“ во Горски Котар во Хрватска нуди неверојатна атмосфера во која секој од нас би сакал да ужива.
Истата е целосно изработена од дрво, во неа има спа центар, сауна, голема тераса, дневна соба, кујна, три соби и четири купатила.
Дело е на хрватското студио Arhiv.eu, кои се познати по одличните проекти, а ова е дефинитивно еден од нивните највпечатливи.
Неверојатната куќа во спој со фантастичната природа во околината е дефинитивно нешто во кое секој од нас би сакал да ужива.
Многумина ја опишуваат оваа куќа како вистински рај на земјата, поради неверојатните услови и убавини што ги нуди, особено поради недопрената природа во која е изградена.
Во околина на куќата, имате можност да уживате во бескрајните прошетки на чист воздух, да правите пикник покрај блиското езеро или едноставно, да мирувате во тишината.