Оваа дрвена куќичка е сместена на 1.060 метри надморска височина некаде помеѓу Осло и Берген во Норвешка. До неа нема пат, така што и материјалите при изградбата се транспортирани со хеликоптер.

Сепак констукциските проблеми не престанале тука. Пределот е опкружен со бројни видови на растенија кои растат многу бавно така што работата морала да биде изработена рачно за околината да биде зачувана. За време на летните месеци архитектите го завршиле екстериерот на оваа планинска викендичка, додека ентериерот е изведен за време на зимскиот период, кога материјалите биле донесени со снежни скутери.

Кога зборуваме за конструкцијата, оваа планинска колиба содржи борово дрво, три слоја на изолација и соларно заштитени панели кои нудат панорамски поглед на планината, езерото и глечерите кои ја опколуваат.

Повеќе за содржината прочитајте на овој линк.

Објавено:
23 јуни 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
220 пати