Ѕидови со тропски мотиви за егзотичен амбиент во домот

29 мај 2020

Природата си ја носиме дома. Што преку природни декорации и растенија, што преку мотиви и визуелни концепти директно инспирирани од неа.

Во современото ентериерно уредување, исто како и во модниот дизајн, тенденција се тропските мотиви што се појавуваат во различни верзии, а меѓу другото и како апликации, цртежи или тапети на ѕидовите.

Доколку сте подготвени за авантуристички и ентузијастички подвиг, а сте талентирани за цртање, може и самите да си украсите еден ѕид во вашиот дом, со што претходно концизно ќе го смислите мотивот.
Доколку пак сакате да примените „посигурна" варијанта, тогаш тоа може да им го оставите на професионалци или пак да си одберете тапети со флорален, егзотичен дезен.

Во секој случај, за каква опција и да се одлучите, сигурно е дека преку ваквиот избор ќе донесете пријатно освежување во домашниот амбиент.

Фото: Пинтерест

Објавено:
29 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
372 пати