Ѕирнете во новиот дом на Меган и Хари

5 февруари 2020

Според фотографиите што ги објави Vogue Living, новиот дом на Меган и Хари во Канада, не е ништо помалку луксузен од раскошот на кој се навикнати.

Се работи за луксузна вила во престижна населба во западниот дел на Ванкувер, со фантастичен поглед.
Имотот е стар 108 години, но неколкупати е реновиран и надограден, а новото семејство го пречека совршен амбиент базиран на комбинација од класика и модерна естетика.

Новиот дом на Хари и Меган располага со шест спални соби, комфорен дневен престој, високи прозорци со хармоничен поглед кон природа, како и неколку гостински соби.

Очигледно дека новата етапа во животот на брачнот пар почнува во дом што е олицетворение на семејна идила.

Фото: Getty images

 

Објавено:
5 февруари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.558 пати