Ѕирнете во новиот, јубилеен каталог на Икеа

24 август 2020

Полн со практични совети и идеи, деновиве конечно беше објавен новиот каталог за 2021 година, на шведскиот гигант Икеа, кое е воедно и 70-то, јубилејно издание.

Една од карактеристиките по кои ова издание се издвојува, е неговиот дигитален формат, па сега е достапен онлај за целата публика. Како печатено издание ќе биде достапен бесплатно од први септември, во ограничени количини, но само во продажните места на Икеа.

Насловната страна е посветена на добриот сон и спиењето, како заедничка потреба на сите луѓе, а концептот е осмислен така да даде акцент на релацијата меѓу човекот, природата и домот.

Инспирацијата потекнува директно од кризната ситуација со која сите се соочивме и сè уште се соочуваме, а која еден период нè затвори дома и нè соочи со фактот, колку е всушност значајна смирувачката и пријатна атмосфера во домот.

Фото: Икеа

Објавено:
24 август 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
634 пати