Ѕирнете во новиот каталог на „Икеа“ за пролетната колекција

26 март 2020

Иако шведскиот гигант „Икеа" поради паднемијата привремено затвори голем дел од своите продавнци ширум светот, сепак опциите за онлајн продажба се во функција, а со тоа тие продолжуваат со својата продукција која ја вклучува и новата сезонска колекција на артикли за домот.

Нивниот каталог, кој важи за една од најпродаваните книги, неодамна излезе во продажба и вклучува приказ на новата пролетна линија за уредување на домот.

За вљубениците во ентериерното уредување, овој каталог секогаш нуди возбудлива содржина исполнета со идеи како да го дизајнирате и декорирате просторот во кој функционирате.

Овој пат, новото издание прикажува уредување на пет различни домаќинства со идеи како да се декорира секој простор, осврнувајќи се пред се на здравите навики на луѓето и на рационалното складирање.

Ѕирнете како изгледа!

 

Објавено:
26 март 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.710 пати