Елегантен и модерно уреден стан од 54 метри квадратни

18 февруари 2020

Функционален распоред, рационално искористен простор и комбинација на елегантни и модерни елементи е идеалната комбинација која резултра со одлично ентериерно решение.

Оваа успешна формула е применета во проект за ентериерно уредување на стан од 54 метри квадратни во станбено-деловниот објект „Twins" на компанијата Elena Luka Home.

Го посочуваме како функционален и високоестетски пример како да уредите ентериер во кој суптилно и синхронизирано се надополнува елегантната и ултра модерната естетика, со извонреден композициски ефект.

Чистите линии, едноставните текстури и светлите бои му даваат широка перспектива.

Контрастот меѓу топли и ладни нијанси создава визуелен ефект на слоевитост во просторот, а декоративнте елементи и деталите го облагородуваат со индивидуален доем.

Објавено:
18 февруари 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.679 пати