Елегантни ентериери облечени во кадифе

26 декември 2019

Фин и елегантен, мек материјал што дава доем на луксуз – кадифето подеднакво е застапено и во модната индустрија и во ентериерното уредување со цел да додаде малку повеќе шарм и екслузивитет.

Поради овие карактеристики важи за еден од фаворитите на професоналците во едната и во другата сфера, а последниве неколку сезони повторно е особено популарен во уредувањето на модерните ентериери.


Покрај неговата конвенционална примена, како мебелот или декоративните елементи облечени во кадифе, овој текстил исто така често е подложен на експериментирање, па ќе го видите и во улога на тапет или завеса или пак како перниче во необична форма.

Доаѓа во широка палета на бои, од загасита зелена и тегет, до пастелни пудрести тонови.

Има долга и богата историја на негова примена во уредувањето на ентериерот уште во времето на среднот век, во аристократските домови на благородниците, а во современата историја, во континуитет е застапен во модифицирани изданија прилагоден на современото живеење и модерната архитектура.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
26 декември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
626 пати