Elena Luka Home им посака топло добредојде на станарите во новиот современ објект „Futura“

4 јуни 2022

Нова приказна и нови почетоци во нов дом. Денешниов ден има посебна вредност за реномираната градежна компанија Elena Luka Home и станарите во новиот современ станбено-деловен објект „Futura".

Станарите денеска ги добија клучевите со кои ќе отклучат едно убаво поглавје во својот живот и ќе го започнат домувањето во еден од најубавите и најсовремени станбено-деловни објекти, кој му дава еден посебен архитектонски белег на Скопје.

Elena Luka Home им посака топло добредојде во „Futura" – една оригинална идеја која беше реализирана во станбено-деловен објект од светски ранг.

„Огромно е задоволството кога ќе посведочите како соништата на луѓето за нов топол дом, стануваат реалност. А особено кога и вие сте дел од таа реалност. Денеска им посакавме топло добредојде дома, на нашите станари од новиот ултра модерен објект „Futura" на кој сме особено горди, од секој аспект. Од денеска нашиот станбено-деловен објект добива нов живот. „Futura" е одговор на потребите на современиот човек, реализиран со големо внимание и посветеност на секој детаљ изведени со висококвалитетни врвни материјали. Функционален, модерен, енергетски ефикасен, естетски уникатен – создаван врз нашите основни постулати: квалитет и професионалност. „Futura" му дава една посебна архитектонска врендост на градот и станува карактеристичен белег на современото живеење, а за секој поединец и семејство што од денеска тука почнува да ја создава својата иднина, е есенција на нивниот животен стил и секојдневие. Им честитам на сите наши станари и им посакувам многу среќни моменти во нивниот нов дом. Чест ми е што ни ја дадовте довербата и што вашите реакции искрено кажуваат дека сме ја оправдале. Тука започнув едно поубаво утре", изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственичка и генерален менаџер на Elena Luka Home.

г-ѓа Елена Пандева, Сопственичка и генерален менаџер на Elena Luka Home

Со својата уникатна и карактеристична фасада, која директно ја одразува внатрешноста на објектот каде организацијата на два карактеристични ката наизменично се повторува по цела вертикала, уште на прв поглед остава силен визуелен впечаток и го издвојува овој станбено-делонев објект од неговото опкружување.

Добро организираните станбени единици изобилуваат со природна светлина, што е еден од основните критериуми за квалитетно домување, со естетски избалансирани висококвалитетни материјали и елементи кои поддржуваат различен стил на ентериерно уредување. Исто како и индивидуалните станбени единици, посебно внимание е посветено и на заедничките простории, влезовите, холовите, коридорите како и партерот.

Прашавме дел од станарите кои се нивните првични впечатоци и зошто се одлучиле за дом токму во „Futura" на Elena Luka Home.

-Одличната репутација на брендот, долгогодишната професионална работа и квалитетот што го нудат беа првата причина зошто се одлучив мојот дом да биде токму во „Futura" на Elena Luka Home. Понатаму, одличната комуникација и достапноста на Elena Luka Home ми остави многу голем и позитивен впечаток. Ми се допаѓа и одличниот распоред во станот, функционалноста и квалитетот пред сè, ни изјави Маја, која од денеска ја започнува својата иднина во нов дом.

-Одлична локација, блиску до центарот на градот, а сепак во мир и тишина, тоа ми беше многу значајно при изборот на мојот нов дом. Elena Luka Home е компанија со докажано реноме и квалитет и затоа сум презадоволна од одлуката токму тука да ја градам својата иднина. Ги оправдаа сите очекувања, ги сподели своите импресии Оливера, една од станарките во Futura.

Несомнено, ова е еден современ, модернистички, а истовремено топол амбиент во кој ќе бидат раскажани многу нови, убави семејни приказни. Им честитаме на сите кои од денеска тука започнуваат да градат едно поубаво утре.

 

Објавено:
4 јуни 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.324 пати