Elena Luka Home на Меѓународниот саем на градежништво и „Реалекспо“ 2016

23 февруари 2016

Од први до петти март во Метрополис арената во Скопје по 13-ти пат ќе се одржи Меѓународниот саем на градежништво 2016 во рамките на кој пак ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо".

Годинава на Саемот за градежништво ќе учествуваат 100 компании што ќе понудат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, додека на Саемот на недвижности и инвестиции ќе се претстават над 300 компании.

Според најавите, присутноста на експерти од областа на градежната индустрија, ќе придонесе и за понатамошен раст на оваа значајна гранка затоа што на саемот се очекуваат и нови зделки, други бизнис-можности.

Помеѓу излагачите на Саемот и оваа година ќе биде градежната компанија Elena Luka Home која на посетителите ќе им понуди и посебни саемски пакети и попусти.

„На овогодинешниот Саем за градежништво се претставуваме со нашиот комплекс во Аеродром #ELHomes - #EcoHomes, со актуелната понуда на станови во изградба во вториот по ред објект Living Large. Задржувајќи го високиот квалитет на градба, функционалноста на секоја станбена единица, одличната позиционираност и енергетска ефикасност, нудиме ексклузивни промо пакети за време на одржувањето на саемот" велат од тимот на Elena Luka Home и додаваат:

-Нашите клиенти, нивните потреби и можности се наш предизвик и мотив. Токму затоа, за време на 5-те саемски денови, секој клиент кој ќе се одлучи и купи свој нов „Elena Luka Home" дом, ќе добие привилегија - истиот да го купи за ексклузивна цена, било да е трособен или четворособен стан, на било кој кат – од приземје до поткровје.

Станбени објекти на Elena Luka Home

• Станови со 1 спална – двособни – од 1. до поткровје: од 43 – 46 м2: 950 € / м2 + 5% ддв
• Станови со 2 спални – трособни-приземје: од 56 – 72 м2: 857 € / м2 + 5% ддв
• Станови со 2 спални – трособни -: од 52 – 76 м2, ексклузивна саемска цена: 950 € / м2 + 5% ддв
• Станови со 3 спални – четирисобни: 89 м2, ексклузивен саемски пакет: гратис паркинг место, цена: 950 € / м2 + 5% ддв

Постои можност и за изведување на поголема квадратура, со спојување на 2 и повеќе станови.

-Голема чест ни е да го најавиме и нашиот трет објект Bussines Homes...во кој ќе обезбедиме високо квалитни станови со намалена енергетска потрошувачка кои ќе ви озвозможат одличен ефективен бизнис простор и на тој начин ќе ја заокружиме приказната за #ElHome – #Ecohome станбено-деловниот комлекс.

Приказната за Elena Luka Home започна како резултат на потребата од уникатни градби, да се подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на клиентите да им се понуди поинаква визија за нивното домување и да им се отворат богати можности за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн, архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси.

Оваа година на саемот се очекуваат околу 15.000 посетители.

 

 

 

 

Објавено:
23 февруари 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.966 пати