Елена Лука Хоум советува: Ефектот на портокаловите нијанси во топло уреден стан од 43 квадрати

12 ноември 2020

Да се уреди стан со мала квадратура не е така лесна задача. Повеќето, сакајќи визуелно да го зголемат просторот, одат на сигурна варијанта со мебел и ѕидови во светли нијанси, не осмелувајќи се да вметнат други нијанси.

Но, тимот од „Елена Лука Хоум“ покажува дека тоа не секогаш мора да е првиот избор. 

На фотографиите гледате пример за тоа како совршено може да се испланира простор од 43 метри квадрат, а притоа внатрешноста да е уредена во сиви и портокалови нијанси.

Сивата како неутрална боја го смирува просторот и е совршена основа за игра со модните додатоци и вметнување боја. Од друга страна пак, портокаловата внесува топлина и дозирана динамичност.

Доволно е се послужите со перници во портокалова нијанса и промената веднаш ќе биде видлива. 

Ако сте љубител на футуристички дизајн, тогаш можете да се послужите и со ефекти како на фотографијата подолу. 

Можете да си поиграте  со светлина, сенки, текстури или декоративни предмети и да создадете уникатен простор во кој максимално ќе уживате.

За повеќе информации, клилнете на линкот тука

Објавено:
12 ноември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.129 пати