Елки со пампас – актуелен празничен хит кој ни се допаѓа

14 декември 2021

Ако барате елегантна алтернатива на класичната новогодишна елка, еве една модерна супер идеја: елки со пампас.

Едно од омилените декоративни растенија во модерните домаќинства, за празниците има нова примена и изгледа супер.

Златестите нијанси на пампасот ја надополнуваат елегантната естетика, а одлично се комбинираат и со светкави лампиони во златни и бакарни нијанси.

Инстаграм е преплавен со идеи како да го декорирате божиќното дрво со пампас и очигледно е дека ваквиот празничен декор веќе има голема фан база.

Соодветно може да се вклопи и во минималистички ентериери, како и во такви со рустичен и покласичен стил.

Погледнете за идеја плус.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
14 декември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.541 пати