Есенско уредување на домот: Инспирацијата ја најдовме на македонски инстаграм профил

14 септември 2020

Календарски, уште некој ден нè дели од почетокот на есента. Тоа значи преуредување на плакарите, но може да биде повод и за уредување на ентериерот и екстериерот.

Ако сте со таква мисла, но се' уште немате доволно инспирација, можеби овој текст ќе ви помогне во тоа. Нашето внимание го привлекоа новите фотографии на Инстаграм профилот @boro.kosa.

Внимателно одбрани детали кои даваат личен печат, но истовремено и топла атмосфера, што секако е една од асоцијациите на есента.

Во конкретниот случај, искористена е магијата на тиквата. Толку едноставен, а моќен украс. Во комбинација со карирани детали и ткаенини се совршен спој.

Дрвените елементи уште повеќе придонесуваат за топлата атмосфера, а сето тоа надополнето со други есенски мотиви.

Светилките исто така можат да направат голема промена во амбиентот, па не плашете се да ја искористите нивната моќ.

Погледнете и инспирирајте се. 

 

 

Објавено:
14 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.414 пати