Фантастичниот дом на легендарниот Френк Синатра лоциран во Палм Десерт се продава за 3,9 милиони долари. 

Лоциран е на планината Сан Хасинто кај познатата долина Коачела, а на имотот од 7,5 акри, има три засебни куќи. 

Пејачот и актер имотот го нарече Вила Маџио по неговиот лик Анџело Маџио од 1953 – та година насловен како „From Here to Eternity“. 

Како што неговите пријатели ќе кажат, тој сакал да го изгради ова место за да може да избега од Холивуд кога ќе сака и да се забавува со „најжешките“ познати личности. 

Помеѓу неговите омилени гости биле Rat Pack, Joey Bishop, Dean Martin, Sammy Davis Jr. и уште многу други. 

Сѐ додека не се оженил со неговата четврта и воедно последна жена, Барбара Маркс во 1976 – тата година, тоа било и место каде времето го минувал и со некои од најпознатите холивудски дами од тоа време. 

Како што тој изјавил тогаш, а веројатно и денеска многумина го делат неговото мислење, станува збор за неверојатно удобен дом каде секој може да се забавува и да ужива со семејството и пријателите.

Прекрасно, нели?

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.008 пати