(фото) Бил Гејтс си купи нова куќа што гледа на океан

28 април 2020

Во оваа криза со вирусот Ковид-19, честоспоменувано име е Бил Гејтс. Се појавија информации како основачот на „Мајкрософт“ пред неколку години предупредил за можната пандемија, како знаел дека вирусот ќе се прошири.

Во меѓувреме, тој донираше 250 милиони во борба против Ковид -19 и изнаоѓање вакцина.

Доказ дека не се оптоварува премногу за тоа што другите ќе речат за него и како се го поврзуваат со сегашнава ситуација е тоа што тој и неговата сопруга Мелина, неодамна се почестија со нова куќа за која издвоија 43 милиони долари.

Вилата се наоѓа во градот Дел Мар, јужна Калифорнија и има фантастичен поглед на океан. Новиот дом се простира на 538 метри квадратни, има шест соби и четири бањи. Изградена е во 1999 година од познатиот архитект и дизајнер, Кен Рончети.

Покрај главната куќа, во рамки на имотот има и стаклена градина, како и две куќи за гости, спа, домашно кино, но и стаклен базен, тениски терен и огромно џакузи.

Исто така, има и своја приватна плажа од 120 м2. 

Иако половина од богатството го даде во хуманитарни цели, сепак покрај оваа вила, Гејтс поседува уште неколку луксузни недвижнини. Сепак, зборуваме за милијардер, нели?

 

source: @steelesandiegohomes;

@sandiegouniontribune.com

Објавено:
28 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
865 пати