FUTURA - нов ексклузивен станбено-деловен објект на Elena Luka Home

20 мај 2020

...За време и свет кој никогаш не стои мирно. Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат иднината.

Elena Luka Home нема да го дозволи тоа и затоа Ве носи на едно поинакво патување. Дали сте подготвени да зачекорите кон Вашата иднина?

Вашите соништа за денешницата ја создадоа ФУТУРА - нов ексклузивен станбено-деловен објект.
Објектот ФУТУРА дизајниран од нашите архитекти денес, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.

Кога ќе ја здогледате ФУТУРА секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба.

Вкупната бруто изградена површина на ФУТУРА изнесува 4332 м2. (П+7+ПК)

Актуелниот деловен простор од 317м2 на ФУТУРА со својата нагласена височина и дизајн е ексклузивен и како таков е наменет за комерцијално-деловни содржини.

Тој е внимателно проектиран на тој начин што е осветлен и збогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футуристички објект како ФУТУРА и преку својата отвореност овозможува лесна комуникација со минувачите и главниот булевар, преку своите големи стаклени површини кои дополнително овозможуваат проток на природната светлина и на тој начин го прават овој деловен простор магнетно привлечен за Вашите потенцијални клиенти, со тоа и Вашиот иден бизнис ќе има загарантиран успех.

Авантуристичкото домување на ФУТУРА е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 7 ката и поткровје.

Динамичната организација на внатрешниот план на ФУТУРА наизменично се менува по нивоата во два карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на ФУТУРА.

Секоја станбена единица е внимателно проектиран посебен свет, токму како што сите сме различни, а поврзани со една мисла – патување кон иднината.

Становите воедно одговараат на сите традиционални потреби на едно семејство, но одговараат и на современиот и модерен човек кој е подготвен да зачекори кон својата иднина.

Програмската структура на делот за домување на ФУТУРА се состои од 33 двособни, 17 трособни и 6 четирисобни станбени единици со квадратура од 39м2 до 83 м2. Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина.

Сè што треба да направите е да го изберете Вашиот иден чекор, ФУТУРА секако ќе го следи секое Ваше движење.

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.444 пати