H&M има нова летна колекција за домот: Природните и одржливи материјали се во фокусот
•
1 јули 2020
Релацијата со природата е основната карактеристика на новата летна колекција за домот на шведскиот гигант H&M.
Оваа линија е наменета претежно за уредување на отворените простории во домот, односно за терасата или дворот.
Природата се провлекува низ секој детаљ, од изборот на земјени и зелени тонови, до природните и одржливи материјали од кои се изработени мебелот и декоративните детали (дрво, камен, јута...).
Целата естетика дава впечаток на смирен и опуштен амбиент, што веројатно на сите ни е неопходен.
Погледнете дел од понудата и кажете ни го вашиот впечаток.