H&M имаат нова колекција за домот – фантастична е!

18 март 2020

Раскошни идеи како да ја декорирате домашната трпеза, со акцент на велигденските празници што претстојат, ја сочинуваат кампањата за новата колекција за домот на H&M.

Низ фотографиите од нивниот нов каталог, ќе наидете на фантастични предлози кои посочуваат на елегантна естетика без непотребни и нефункционални додатоци.

Од шведскиот бренд советуваат да посветите внимание на деталите и да ги синхронизирате боите.
Во оваа декоративна колекција преовладуваат топли и земјени тонови, за смирен и хармоничен домашен амбиент.

Користени се одбрани материјали, како керамика и стакло декорирани со суптилни детали.

Фото: H&M

 

 

Објавено:
18 март 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
457 пати
Тагови: 
H&M