И Zara Home ја лансираше празничната колекција

19 октомври 2020

После Икеа, и Zara Home ја лансираше празничната колекција и тоа прво на британскиот сајт. Веќе години наназад, брендовите се користат со „ран маркетинг“ за празничната сезона, со цел луѓето што порано да почнат да ги купуваат производите.

Но, од друга страна, ако сте од оние што ѝ се радуваат на празничната атмосфера и тој период од годината, до почетокот на декември има уште само 42 дена, така што кога ќе се земат бројките предвид, и не е така далечно, па веруваме дека ќе уживате во фотографиите во продолжение.

Инаку, празничната колекција на Zara Home е класична божиќна, со изобилство на веќе познати мотиви. Стаклени лампиони, свеќи во форма на елка, чаршафи со божиќни мотиви, златни украси, беспрекорно уредени трпезариски маси, кои асоцираат на семејна атмосфера и дружба се само дел од она што го предлагаат за месеците што допрва ни доаѓаат.

Ние одвоивме неколку наши фаворити, а целата понуда можете да ја погледнете тука.

 

Објавено:
19 октомври 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.149 пати