Идеи од Инстаграм и Пинтерест како да го уредите домот со есенски шмек

1 септември 2020

Еден од начините како да го преуредите домот, секако ако тоа ви е во план, е да размислите за сезонска-тематска трансформација.

А со оглед на тоа дека пред нас е есента, логично првата идеја што ни паѓа на памет е во домашниот амбиент да внесеме есенски шмек.

Размислете на сето она што ја прави есента магична и адаптирајте ја таквата магија во вашиот дом.
Спектарот на есенскиот колорит е фантастичен, поврзан со боите на зајдисонцето и земјините тонови, па ова нека е почетна идеја во преуредувањето.

Додадете декоративни детали во портокалова, кафена, беж, бронзена нијанса. Тоа може да бидат и навлаки за перниците со интересни дезени, завесите или пак подните прекривки.

Ефектот може да го постигнете и со тоа што топлата атмосфера во домот ќе ја потенцирате со предмети изработени од природни материјали: дрво, плетенини, памук...

Ароматични свеќи, суптилно осветлување, суво цвеќе, аранжман за маса во земјени нијанси, сите овие ситни, но ефективни детали ќе ви помогнат да го донесете шармот на есента во вашиот дом.
Идеи за како тоа да го направите, најдовме и на Инстаграм и Пинтерест.

Шармантно, зарем не?

Објавено:
1 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.416 пати