Еден од најпознатите светски дизајнери Том Форд го стави својот импозантен имот во Ново Мексико на продажба, а како што очекувавте, истиот е и повеќе од прекрасен.

Станува збор за ултра луксузна и пространа куќа, односно неверојатно архитектонско издание опколено со прекрасна природа.

Токму ова фасцинантно издание е ставено на продажба веќе некое време за неверојатни 75 милиони долари.

Самата куќа ја осмисли и дизајнираше реномираниот јапонски архитект Тадао Андо кој важи за еден од најпочитуваните во светот.

Куќата се наоѓа во познатото место Galisteo Basin каде сѐ уште стои и еден од најпознатите филмски сетови направени специјално за филмовите Silverado, Cowboys and Aliens и 3:10 to Yuma.

Дел од куќата се и осум штали за коњи, внатрешни и надворешни арени за јавање, две дополнителни куќи за гости, како и посебна куќа за персоналот.

Многумина ќе кажат дека ова е една од најубавите и најлуксузните куќи некогаш направени без ниту една грешка, но ќе додадат и дека 75 милиони долари е исклучително висока цена која е навистина ретка.

Објавено:
11 август 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.702 пати