Инспирација: H&M ја претстави велигденската колекција за домот

8 април 2020

Во пресрет на велигденските празници, брендот H&M ја претстави велигдненската колекција за домот. На прв впечаток, доминираат пролетните светли нијанси, предност им се дава на жолтата и зелената, но забележително место имаат и предметите од дрво или во тие нијанси, кои се апсолутен хит.

Од нивните фотографии можете да се инспирирате како да изгледа вашата велигденска трпеза. Чаршафи во споменатите тонови, или со принт на пердуви, кои се исто така мошне актуелни, се дел од нивните предлози.

Исто така, вазни во бела или пастелно жолта нијанса, во комбинација со чаши со бакарен тон. Ако сте љубител на контрасти, тогаш ќе ви се допаднат темните чинии, кои совршено ќе се вклопат на чаршаф во бакарни нијанси, или пак на бел со црни шари. 

За финиш, не заборавајте ги декоративните садови за велигднески јајца, со принт од јајца или пак со некој во пролетни нијанси.

Исто така, украсни фигури од керамика или некој друг материјал ќе ви го збогатат амбиентот.

Погледнете и инспирирајте се:

 

Објавено:
8 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.517 пати
Тагови: 
H&M Велигден