Како во модата, така и во архитектурата и во ентериерното уредување, тенденциите континуирано се трансформираат и менуваат.
Но, покрај сите тие динамични промени постојат неколку базични и безвременски концепти кои остануваат присутни и стабилни независно од тоа каква е „климата".
Во контекст на ентериерното уредување, една таква естетика која важи за бесмртна е комбинацијата на доминантно бела боја или беж нијанси и дрвени елементи, кои во ваков спој му даваат совршен смирен дух и хармонија на домот.
Всушност, оваа природна и минималистичка естетика е и актуелен тренд во уредувањето, особено кај оние кои преферираат сведени и едноставни концепти на домување.
На Инстаграм ќе наидете на изобилство на ентериери уредени токму ва таков стил. Мебелот, ѕидовите, доминантните елементи претежно се бели, а акцентите во просторот се посочени преку детали од дрво, стакло или камен.
Во целата таа белина, динамиката е постигната преку слоевитоста од материјали, ткаенини и дезени, па доколку на момент се посомневавте во монотонија во просторот, фотографиите во продолжение ќе ве разубедат.