Јапанди‐Новиот стил на внатрешно уредување

17 мај 2021

Ви се допаѓаат скандинавскиот и јапонскиот стил на уредување? Тогаш со сигурност ќе ви се допадне јапанди - кованица од јапонски и сканди стил на уредување, јапанди ја презема топлата и пријатна атмосфера од скандинавскиот стил во комбинација со минимализмот на јапонскиот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lorraine (@scandiandme)

Јапанди стилот ќе го препознаете по природните материјали како памук и дрво, додека органските облици, керамиката и неутралните нијанси даваат поинаква топлина.

Трендот е особено актуелен и на Инстаграм во последно време, а дава инспирација да го исчистиме просторот од непотребни нешта. Ова се некои начела на јапанди кои може да ви послужат при уредување на домот:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pure House (@pure__house_)

Минимализмот пред сè - Во Јапонија, ако нешто во домот нема функција, неговото место не треба да е таму. Ослободете се од вишокот предмети. 

Користете природни материјали - Мебел од дрво, земјени садови и природна светлина се клучни во јапанди уредувањето.

Комбинирајте темни со земјени нијанси - Црната боја која се јавува во јапонскиот дизајн се комбинира со неутрални тонови

Ограничете се на еден до два главни предмети - Доволно е да имате едно до две парчиња смел мебел како ламба или софа и опкружете ги со други едноставни парчиња.

Користете зелени растенија - Собните растенија како бонсаи и бамбус се полн погодок .

Објавено:
17 мај 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.241 пати