Paris Design Week по јапонско време ќе приреди неколку случувања во чест на јапонската креативност...

Јапонска атмосфера на Paris Design Week

5 септември 2015

Ултра-јапонска атмосфера ќе ја преплави новата сезона на Paris Design Week. Престолнината со гордост ќе претстави многу големи мозоци од Јапонија. Како дел од француско јапонската „Round Trip" изложба на пристаништето „Cité de la Mode et du Design" ќе можете да го погледнете проектот „The Wonder 500" од денес па се до 12 септември.

Со сценографија осмислена и направена од архитектонското студио „Archiee", 500 избрани креации од јапонски творци ќе бидат рефлектирани со креативност во вид на изложбени предмети, гурмански производи и туристички тури.

Некои од „Wonder 500" производите ќе бидат достапни во десет париски салони: Maison Wa, Discover Japan, Atsuko Matano, bows & Arrows & sons, Uniqlo Le Marais, Tabio Marais, Fleux', Kim Bernardin, Bienvenue, i Maison aimable. Оние кои бараат повеќе возбуда се поканети да дегустираат саке и вино, со одредена доза на уметност. Барови и ресторани кои ќе учествуваат во „Kikizaké" турата се: Lockwood, Minato, Sherry Butt, Sous le Cerisier.

Што се однесува до познатиот архитект Жан Нувел, тој со помош на Јожи Јамамото во салон лоциран на Rue du Louvre ќе ја изложи својата нова колекција на мебел. Иконскиот Тотем ќе се трансформира во облека за да ја прикаже големината на креацијата на јапонскиот мајстор за текстилен минимализам.

Инаку Precious е главната тема на овогодинешниот саем Maison&Objet

Овој септември, членовите на Observatoire de la Maison ќе дискутираат на тема драгоценост...

Нивните размислувања истражуваат пет модерни изрази на возвишеноста, од хипер материјалност до исклучителна кршливост. Откријте го новиот пристап во книгата „Inspirations trend" и „Inspirations space" од Елизабет Лериш.

Observatoire de la Maison ја исполнила својата ритуална мисија во бирање на впечатоци и оваа сезона ќе се занимава со темата Драгоценост, или како уметниците и дизајнерите создаваат нови кодови на луксуз.

„Видовме како со нови начини креаторите организираат промени од сирови материјали до исклучителни дела", изјавила Елизабет за да ја опише потрагата по блескави дела.

Ова патување по креативното тло на исклучителен луксуз во книгата „Inspirations trend", е
Опишан низ 5 главни фази:


1. Враќање на тврдите и полудрагоцените камења
2. Уште едно блескаво враќање: злато рехабилитирано за употреба на неконвенционален и значаен начин.
3. Брилијантноста на огледалото ја зголемува кристалната архитектура со оптички илузии.
4. Дизјанери, како што се алхемичарите, повторно создаваат материјали и ги претвораат во извонредни објекти.
5. Уметничките пристапи делуваат на самите рабови на материјалите како би ја заробиле кревкоста на предметите и на животот

 

*  *  *

 

Елена Лука Хоме ДООЕЛ е друштво за градежништво, проектирање, трговија и услуги, лоцирана на Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 130, Скопје.

Референци:

Станбено деловен објект „Luxury Homes" кој се наоѓа на Фрањо Круз Скопје
Моментално во изградба:
Станбено деловен објект „Living Large" кој се наоѓа на Фрањо Круз Скопје

Изградбата и продажбата на станови во непосредна близина на центарот на градот, веднаш до еден од главните скопски булевари е наш начин да Ви овозможиме да живеете во идеален дом близу сите потребни и важни институции. Продажбата на нови станови, по завршувањето на планираниот објект, по многу поволни цени, ќе ви овозможи да поседувате стан со неверојатна панорама.

Објавено:
5 септември 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.093 пати
Тагови: 
Paris design week