Откако Бијонсе и Џеј Зи ја напуштија болницата со нивните новородени близнаци, следно ќе се преселат во привремен дом на Малибу.
getty_-_trulia_- harper's_bazaar
Се работи за ексклузивен имот лоциран покрај плажа за кој парот месечно ќе плаќа 400 илјади долари, пренесува Harper's Bazaar.
courtesy_trulia
La Villa Contenta е новиот привремен луксузен дом што на семејството ќе им ги обезбеди сите удобности. Во распоредот се сместени прекрасна библиотека, винарија, огромна кујна, целосно опремена теретана, кино, пространи тераси со поглед кон океанот, неколку дневни соби...
courtesy_trulia
Во уредувањето на вилата е балансирано помеѓу модерната и класичната естетика, па како декор се користени и антички аксесоари.
Секако, неизбежен дел од имотот е и забавниот парк за децата како и надворешниот базен.
Фото извор: Getty, Trulia, Harper's Bazaar