Како да го уредите домот во бохо стил?

2 јуни 2020

Бохо естетиката секогаш алудира на пријатно, ноншалантно, чувство на опуштеност.

Ентериерите во ваков стил треба да ја доловат токму таа атмосфера.

Во таа насока, секогаш се добредојдени природните материјали, ненаметливите, пастелни тонови, миксот на текстури, а сето тоа во комбинација со многу зеленило и лични предмети што ви будат убави спомени.
Бохо стилот во ентериерното уредување низ сезоните се трансформира во зависност и од актуелните тенденции, но неговата есенција останува иста.

Ако сте љубител на оваа естетика, од Elena Luka Home посочуваат неколку интересни идеи, како да ја имплементирате во вашето домување.

 

Објавено:
2 јуни 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
630 пати