Како да ја одберете вистинската димензија на килим во домот

22 март 2021

Килимите се декоративен елемент во домот, кој може да влијае многу на тоа како тој ќе изгледа. Изборот на дизајн, боја, но и големина може да направи вашата соба да изгледа совршено или пак лошо.

Советите кои ние ги најдовме, а кои ќе ви ги презентираме во продолжение, можеби ќе ви бидат од помош доколку сакате да внесете промена во домот.

Без разлика дали располагате со голем или мал простор, килимот е тој што ќе даде топла нота, секако доколку правилно го одберете. 

Килимот добро функционира во речиси сите простори од домот од бања, преку ходник, дневна, кујна, па до спалната соба. Секоја од тие простории пак, си бара парче кое складно ќе се вклопи. 

Која е вистинската дименција на килимите?

Голема соба - голем килим

предлог димензии 

1.90 х 2.90м

2.00 х 2.90м

Во ваков случај, килимот може да оди и од ѕид до ѕид, но внимавајте на изборот на бои.

 

Средни и мали соби - среден или голем тепих

Предлог димензии:

1.60 х 2.30м

1.70 х 2.40м

Ако се работи за дневна соба во која имате двосед, тросед и фотелја, изберете килим така што предните ногарки на мебелот ќе бидат на тепихот. 

Ако пак имате аголна гарнитура во L или U облик, тогаш земете ги предвид овие димензии:

1.20 х 1.70м

1.35 х 1.90м

1.40 х 2.00м

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by alp_Carpets (@alp_carpets)

Ако барате идеална димензија за трпезарија, важно е масата и столчињата да бидат на килимот, без разлика дали масата е со кружна, правоаголна или квадратна форма.

За спалната соба има три можност за поставуваме килим:

-од ѕид до ѕид

-под креветот, па од секоја од страните да ѕирка по околу 70см

-килими со мали димензии кои ќе бидат поставени покрај креветот или наткасната

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by A n a (@ana.wohnen)

 

Уште неколку примери за инспирација:

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Busa Designs (@busadesigns)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@berg.interior)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Westwing España (@westwing_es)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Justyna (@projekt_dom)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@farmhousetofrills)

Објавено:
22 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
456 пати