Како да внесете париски шарм во вашиот дом

30 март 2021

Не мора да го реновирате целиот Ваш дом за да ја внесете елегантната еклектика на париските ентериери. Високите тавани и француските прозорци не можеме да ги изведеме во нашиот стан, но има неколку едноставни трикови кои ќе ја доловат таа ноншалантна естетика.

Таванот не можете да го направите повисок, но визуелно може да го издолжите доколку завесите паѓаат од горе (од таванот) до долу, a малку се набрани во долниот дел. Ќе изгледаат поелегантно ако се од природен материјал и во неутрален тон.

Една од најпознатите парижанки Коко Шанел има изјавено ,,Пред да излезете од дома, погледнете се во огледало и извадете еден додаток''. Тоа треба да го примените и во Вашиот дом кога се работи за деталите – не претерувајте со кичастите антиквитети, уметничките додатоци, огледала и лустери.

На пример, ретро огледалото може да го искомбинирате со современи тела за осветлување, доколку имате камин во необарокен стил ставете фотографии во едноставни модерни рамки. Секогаш водете се по премисата – повеќе е помалку.

Останатите совети можете да ги прочитате на блогот на Елена Лука Хоум, на линкот тука.

Објавено:
30 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.943 пати