Како естетски и функционално да уредите стан од 50m2?

23 август 2022

Модерното домување често подразбира помала квадратура, што треба да одговори на предизвикот да се направи соодветен распоред со рационално искористување на просторот, што пак треба да биде функционално и естетски уреден.

Затоа, советите од професионалците се секогаш добредојдени како насока која ќе ни укаже на кој начин може да го „извадиме" максимумот од нашиот простор за домување.

Во содржината во продолжение, ќе проследите предлог решение за уредување на станбен простор од 50m2 во современиот станбено-деловен објект „Melody" на реномираната градежна компанија Elena Luka Home.

Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен простор со актуелна естетика, искористена е палетата на сиви тонови. Тие се искомбинирани со природни, дрвени и бели елементи што придонесуваат за топлина во домот.

Со комбинација на материјали со различна текстура, практични елементи и модни детали, најчесто изработени од дрво или пак во таква нијанса, просторот изгледа модерно, елегантно и сведено.

Во дневната соба, со цел искористување на просторот се вметнати дрвени полици, мали масички и табуретка, додека пак кујната е врзана со шанк и високи столици, што не само што се практични, туку и изгледаат одлично!

Во спалната должината на собата е искористена за совршени плакари, практични и секогаш потребни, а за финиот амбиент на секоја од собите придонесуваат и завесите во светла нијанса во комбинација со сиви драперии.

Повеќе за „Melody" – новиот станбено-деловен објект на Elena Luka Home

Elena Luka Home повторно изненадува со нова приказна, нова локација, нова композиција. Во Втората по ред најголема, индустриски најразвиена и најзелена општина во Македонија – Гази Баба создаваме нова оаза – станбено-деловен објект MELODY. Ги слушнавме Вашите желби, го слушнавме срцето на градот, ја слушнавме историјата и иднината, ги слушнавме сите трендови во градењето и ја компониравме за Вас.
Објектот се наоѓа на самиот влез на населбата Железара на улица Коце Металец со зелен појас од шуми и паркови од повеќе од еден милион метри квадратни во кој сите станари ќе уживаат.

Дополнителни детали на овој линк.

 

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.568 пати